Skip to main content

Фестивал на џез, светска и современа музика по четврти пат во Велес

Здружението за култура, уметност и млади АРТ ГЕНЕРАТОР со делегирана надлежност од Општина Велес, поддржани и од Министерство за култура и туризам по четврти пат го организира Фестивалот на џез, светска и современа музика.

Програмата на фестивалот ќе биде распоредена во четири фестивалски денови од 25 до 28 септември и ќе се одвива во Театар „Ј.Х.К. Џинот“ – Велес, на паркингот на театарот и на Спомен костурницата во Велес.

И ова четврто издание останува интернационално. Ќе настапуваат артисти од САД, Грција и се разбира Македонија.

Со организирање на овој фестивал, имаме за цел да придонесеме децентрализација и деметрополизација на културата и уметноста и пласман на квалитетни соджини и затоа сметаме дека овој фестивал е од исклучителна важност за Велес“, велат организаторите.

Поврзани вести