
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека нема докази што би барале промена на сегашните препораки за употреба на парацетамол за време на бременоста, со што се побиваат тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека употребата на лекот, познат како Тиленол во САД, е поврзана со аутизам.
„Достапните докази покажуваат дека нема поврзаност помеѓу употребата на парацетамол за време на бременоста и аутизмот“, соопшти ЕМА, пренесе Ројтерс.
Медицинската агенција на Европската унија повтори дека парацетамолот може да се користи за време на бременоста и препорачува најниска ефективна доза и фреквенција.
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникoт го поврза аутизмот со употребата на вакцини во детството и земањето на популарниот лек против болки „Тиленол“ од страна на жените за време на бременост, поставувајќи ги тврдењата што не се поткрепени со научни докази на преден план на здравствената политика на САД.