Skip to main content
Завршува Договорот за ограничување на нуклеарното оружје

Путин: Русија ќе се придржува до Нов СТАРТ уште една година по истекот на Договорот

screenshot

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека официјална Москва ќе се придржува до Договорот за ограничување на нуклеарното оружје уште една година откако ќе истече договорот со САД во февруари 2026 година.

Нов СТАРТ (Strategic Arms Reduction Treaty) е потпишан во 2010 година и е последен договор помеѓу Русија и САД за контрола на вооружувањето.

Путин наведе дека суспензијата на Договорот Нов СТАРТ ќе има негативни последици по глобалната стабилност и оти се надева дека САД ќе го следат примерот на Русија и ќе се придржуваат до ограничувањата.

Со Договорот Нов СТАРТ се ограничуваат арсеналите на двете земји на максимум 1.550 распоредени боеви глави, што е речиси 30 проценти помалку од претходната граница од 2002 година. Договорот, исто така, го одредува максималниот број на носачи на ракети и тешки бомбардери на 800. 

Поврзани вести