
Во рамки на Европската недела на мобилност, Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ во соработка со Министерството за транспорт денеска во Општина Гази Баба ќе презентира нов Правилник за планирање, проектирање, изградба и одржување на велосипедската инфраструктура.
Пред презентацијата ќе бидат дадени изјави за медиумите, на велосипедската патека пред х. „Континентал“, по што присутните учесници велосипедисти ќе продолжат со групно возење велосипеди до објектите на Општина Гази Баба каде што ќе се одржува презентацијата од 11:30 до 12:00 часот.
Проектот е поддржан со ад хок грант на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, имплементиран од невладини организации од Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Норвешка.