
Американскиот претседател Доналд Трамп, на вториот ден од неговата државна посета на Велика Британија, со својот домаќин, британскиот премиер, Кир Стармер, одржа заедничка прес-конференција на која двајцата лидери оценија дека двете земји „минаа долг пат“ во своите специјални односи и дека сега ги обновиле за новата ера.
За време на билатералните разговори Трамп и Стармер потпишаа договор за технолошки инвестиции, што предвидува повеќе десетици милијарди долари инвестиции на двете страни од Атлантикот .
Стармер на почетокот изјави дека во текот на разговарите биле отворени прашањата за зајакнување на одбраната, дополнителната поддршка за Украина и „решително зголемување на притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин да се согласи на мировен договор што ќе трае“.
Трамп повтори дека неговата цел е да ја запре војната во Украина, признавајќи притоа дека на почетокот мислел дека тоа ќе оди „најлесно“ благодарение на неговиот однос со Владимир Путин.
Но, тој ме разочара. Навистина ме разочара“, рече Трамп.
Потоа Трамп рече дека ќе „види како сето тоа ќе се развива“ и додаде дека верува дека ќе се постигне договор меѓу Русија и Украина, иако „никогаш не се знае во војна“.
Се случуваат работи што се сосема спротивни од она што го мислите, мислевте дека ќе биде лесно или тешко, а се покажува обратно“, рече Трамп.
Прашан дали е време да се изврши притисок врз Путин за тој да се исплаши, американскиот претседател кусо возврати „Да“.