Првообвиетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Кривичен суд, каде обвинителството изведуваше материјални докази, побара изземање на судијата Ивица Стефановски
Тој смета дека е недозволиво судијата во овој случај да не е заинтересиран и, како што вели тој, да не го бара оружјето со кое се извршени двете убиства.
Ова е монтиран случај и спрега помеѓу судот, полицијата и обвинителството. Дури и чаурата која беше пронаједна во близина на Велес е вештачена, но не е доставена како доказ, рече Палевски.
Дополнително тој праша каде исчеснала ташничката на обвинетиот Велибор Манев на пат од Велес до полициската станица Кисела Вода и што имало во неа?