Skip to main content

„Кој е следен“ утре организира собир на плоштад „Македонија“ за загинатите во Кочани

На плоштадот „Македонија“ во Скопје утре во 20:16 часот ќе се одржи тивок собир за оддавање заедничко сеќавање за загинатите во кочанската дискотека „Пулс“, информираат активистите од иницијативата „Кој е следен?“ и младите од Студентско пленумско движење

 Не смееме да се откажеме од борбата за вистината. Кога ќе се соочиме со неправда, да проговориме. Сите треба да истапиме и да бидеме одговорни, на свој начин. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани!“, велат од иницијативите.