Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави денеска дека би можел да прогласи национална вонредна состојба и да воведе федерална контрола врз главниот град Вашингтон, откако градоначалничката на градот, Муриел Баузер, изјави дека локалната полиција нема да соработува со Службата за имиграција и царина.
Проблемот е поврзан со давањето информации за луѓето што живеат или влегуваат нелегално во Соединетите Држави.
Одлуката на претседателот беше објавена откако неколку илјади демонстранти излегоа на улиците овој месец во врска со распоредувањето на единици на Националната гарда во главниот град од страна на Трамп во август за „враќање на законот, редот и јавната безбедност“.