Објавени се 16 песни што се во „трка“ да ја претставуваат Шпанија на „Евровизија“
Станува збор за четвртото издание на „Бенидорм фест“, чиј победник ја претставува Шпанија на големото музичко натпреварување.
Од утре песните ќе може да се слушаат и на музичките платформи. Дотогаш, песните може да се чујат на официјалната веб-страница на „РТВЕ“.
Шеесет и деветтото евровизиско издание ќе се одржи во Базел, Швајцарија на 13, 15 и финалето на 17 мај.