Skip to main content

Минчев: Да се биде независен значи да се гради држава со силни институции

Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка по повод Денот на независноста во која посочува дека да се биде независен значи да се гради држава со силни институции. 

– Независноста не е само спомен од минатото, таа е обврска кон сегашноста и иднината. Да се биде независен значи да се гради држава со силни институции, со јавна администрација што им служи на граѓаните, со непоколебливи принципи на демократија и владеење на правото. Независноста има смисла само тогаш кога народот ја чувствува државата како своја – праведна, одговорна и европска, вели Минчев.

Додава дека денес повеќе од кога било, мора да бидеме обединети во визијата за модерна, функционална и европска држава. 

– Македонија е нашиот дом, нашата иднина и нашата најголема одговорност. Денес, повеќе од кога било, мора да бидеме обединети во визијата за модерна, функционална и европска Македонија. Тоа е должноста кон генерациите што ја избраа слободата и кон генерациите што доаѓаат, се вели во честитката.

Поврзани вести