Skip to main content

Општина Македонска Каменица се вклучува во кампањата „Општина на дланка“

Фото: Општина Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица се вклучува во кампањата „Општина на дланка“. Како што соопштија денес од Општината се работи за иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа, преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

Кампањата е подготвена од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги, истакнаа од Општина Македонска Каменица. 

Во рамките на кампањата, како што додадоа предвидено е редовно ажурирање на комуникациските канали со нови информации во надлежност на општината.

-Со тоа очекуваме да се поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината. Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа, додадоа од Општина Македонска Каменица.

Меѓу главните цели на проектот „Општина на дланка“ е подобрувањето на управувањето со општинските јавни финанссии, поефикасно планирање и извршување на буџетот, зголемување на фискалната транспарентност и отчетност, унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори, поголем пристап до надворешни извори на финансирање, создавање услови за вклучување на приватниот сектор, подобрување на управувањето со општинските јавни финансии, поефикасно планирање и извршување на буџетот, зголемување на фискалната транспарентност и отчетност, поголем пристап до надворешни извори на финансирање и создавање услови за вклучување на приватниот сектор.