Skip to main content

Попладне сепак ќе се одржи собраниската комисија за надзор на АНБ

Во 17 часот ќе се одржи комисијата за надзор на работата на АНБ, дознава „Република,“, Таа првично требаше да се одржи претпладнето но беше одложена или откажана како што тврдеше претседателот Скендер Реџепи. Тој не може да претседава зошто нема безбедносен сертификат, како и неговиот заменик.

Љупчо Пренџов побара да се испитаат сите сомнежи како и тоа членовите на комисијата да направат увид во просториите на АНБ.

 По нашиот повик за итна седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, односно утврдување на датум за посета на Агенцијата национална безбедност, сите политички чинители беа „за“. Второ, актуелниот претседател на Комисијата Скендер Реџепи од Европскиот фронт на ДУИ, веднаш по мене имаше прес-конференција на која што кажа дека тој нема да свика Комисија, дека нема ништо против да ја свика Комисијата претседателот на Собранието Гаши и тоа нема да биде првпат. Зошто? Затоа што пред неколку месеци ние имавме седница на Комисијата, што ја водеше пратеник од опозицијата, а тоа е колешката Славјанка Петровска, рече Пренџов. 

Поврзани вести