
Џуд Ло го игра рускиот претседател Владимир Путин во новиот политички трилер The Wizard of the Kremlin кој премиерно ќе биде прикажан на Венецискиот филмски фестивал.
Се надевам дека не сум наивен, но не се плашам од последиците“, рече 52-годишниот актер на прес-конференција во Венеција.
The Wizard of the Kremlin (Волшебникот од Кремљ) од францускиот режисер Оливје Асајас се натпреварува со уште 20 филмови за Златниот лав.
Во филмската адаптација на романот, Асајас го опишува искачувањето на Путин на позицијата руски претседател. Приказната е раскажана од перспектива на млад советник, кој го игра Пол Дејноу. Советникот е измислен лик, но се верува дека е базиран на реалниот руски политичар Владислав Сурков.
Се чувствував сигурен во рацете на Оливје и неговото сценарио дека оваа приказна ќе биде раскажана на интелигентен, нијансиран и внимателен начин“, рече Ло.
„Не баравме контроверзии заради контроверзии. Тоа е лик во поголема приказна. Не се обидувавме да дефинираме ништо“, додаде тој.
Подготвувајќи се за улогата, Ло рече дека „се заклучил во глувчешка дупка“ и проучувал обемни видео снимки. „Најголемиот предизвик беше што јавните појавувања на Путин откриваат малку за тоа кој е тој навистина“, рече тој.
На прашањето дали улогата му донесе нешто позитивно, актерот рече: „Научив џудо“. Рускиот претседател е познат по боречката вештина.
Wizard of the Kremlin е базиран на истоимениот роман „Le mage du Kremlin“ од италијанско-швајцарскиот писател Џулиано да Емполи, објавен на француски јазик во април 2022 година.