
Во двата денешни натпревари од 4 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Македонија ЃП ја извојува првата победа оваа сезона совладувајќи го Пелистер, додека Тиквеш и АП Брера ги поделија бодовите.
Македонија ЃП до премиерната победа дојде со пресврт и головите на Христов во 25 минута од пенал и Гвереро во 66 минута, откако претходно Булатовиќ му донесе водство на битолскиот тим во 2 минута.
Тиквеш и АП Брера сè уште се без прволигашки триумф, откако нивниот меѓусебен дуел во Кавадарци заврши без голови.
ПМФЛ-4 коло:
Македонија ЃП – Пелистер 2-1
Тиквеш – АП Брера 0-0
Арсими – Силекс 0-1
Башкими – Струга 0-5
Шкупи – Вардар 2-4
Работнички – Шкендија (одложено)