По најавата од „Водовод и канализација“ дека од петок вечер до сабота ќе биде затворен главниот градски цевковод, граѓаните во Скопје масовно прават залихи на вода, а полиците во маркетите веќе се празни, пишува Скопјеинфо.мк.
Граѓаните брзаат да купат дополнителни залихи за да не бидат оставени без вода текот на викендот.
-Во ред е да се санира дефектот, но многумина сметаат дека не е во ред да не се даде конкретен период кога ќе биде нормализирано водоснабдувањето“, велат граѓаните од населбите кои се најпогодени од прекинот. Тие додаваат дека оваа ситуација ги става во непријатна позиција, со зголемени трошоци за купување вода, а особено што се случува во викенд кога многу семејства се дома.
Целиот текст овде.