Skip to main content

Четврток е неработен ден – потоа следува продолжен викенд

Во четврток, 28 август, православните верници ќе го одбележат големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица. Денот е неработен за верниците. Следниот неработен ден за сите граѓани на државата е 8 септември (понеделник), па многумина ќе го искористат за продолжен викенд.

Празникот го одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, а Црквата го нарекува „успение“ – термин што означува сон, мир и духовно вознесение. Според преданието, Богородица веднаш по смртта била вознесена на небото и станала најголем застапник на луѓето пред Бога.

Во македонските цркви и манастири може да се сретнат уметнички претстави на овој настан, најчесто поставени над влезните порти. Вообичаен е и обичајот на тој ден верниците да не вршат физичка работа, а се верува дека водата со ронка боја од иконата на Богородица има исцелителна моќ.

На празникот именден слават многумина што го носат името Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана и нивните изведеници.

Поврзани вести