
Синоќа , на 20.08.2025 во просториите на Европската куќа во Велес беше отворен 22 Мегународен стрип салон во Велес, најзначајна стрип манифестација во нашата дрежава. Пред многите стрип фанови , организаторот ги додели следните награди и признанија
Прва награда „Златен стрип”: „Мрак” – Марко Стојановиќ (сценарио) и Милорад Вицановиќ Маза (цртеж), Србија
Втора награда „Златен стрип” – „Back to the past” – Никола Видачковиќ, Србија (сценарио) и Игор Јовчевски, Македонија (цртеж)
Трета награда „Златен стрип”: „Залогај” – Далибор Дадо Пехар, Хрватска
Најдобар македонски стрип: „Ехоата на Зал`ахим” – Војдан Андонов (сценарио) и Марко Марковиќ (цртеж)
Најдобро сценарио: „Проклета авлија” – Марко Стојановиќ, Србија
Најдобар уметнички израз: „Души” – Марко Стојановиќ, Србија (сценарио) и Vassilis Gogtzilas, Грција (цртеж)
Специјални награди за млади автори во соработка со Европска куќа Велес:
- „Родна Ивева – не умре од куршум умре од предавство” – Меланија Стојанова (сценарио и цртеж) и Анџело Џипунов (сценарио), Велес
- „Тешки времиња” – Александар Танчовски (сценарио и цртеж), Скопје
- „Strum!” – Тамара Николова, Велес
Најмлад учесник: „Фудбал со изненадувања” – Марко Купенков (7 години), Скопје
Најдобар дебитантски стрип: „Само фантазија” – Ања Стојадиновска, Куманово
Наградата за најдобар стрип во категорија до 14 години ја делат :
„ЧУДНОТО ЧУПЕ” –Теона Чаловска, Битола и “ПОМИРУВАЊЕ ВО ПРАКСА” –Вук Стојановиќ-Лесковац, Србија.Диплома во оваа категорија добива стрипот „Сонот на Вера” – Христина Здравковски, Велес
Награда за најдобар стрип во категорија до 18 години: „Добро утро” – Магдалена Марјановиќ, Ресен.Диплома во оваа категорија добива стрипот „ВОЛШЕБНО КУЧЕНЦЕ „ –Андреа Младеновска, Скопје
Признанија за соработка:
– Клуб на ликовни уметници „Рашка школа” – Рашка, Србија
– ЛШС „НИКОЛА МИТРОВИЌ КОКАН” Лесковац, Србија
– Здружение „ХРВАТСКИ АВТОРСКИ СТРИП” – Загреб, Хрватска
– Creative City Center – The Multifunctional Social Cultural Center – Валона, Албанија
– Имагинариум Арт Студио – Битола, Македонија
Стрип салонот во Велес продолжува денеска, кога до 25.08 во излетничкото место ќе се одржи 7 по ред Мегународна стрип колонија , со учесници од Србија, Бугарија и Македонија.