Skip to main content

Кривична пријава за осуденикот кој си го уби цимерот во Бардовци

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

На 05.08.2025 во Скопје во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, по претходно недоразбирање, пријавениот, осуденик, физички го нападнал И.Т.(62), исто така, осуденик, и со стаклен предмет му нанел повреди, по што починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Поврзани вести