Skip to main content

Починал 39-годишен вработен во магацинот каде што работел

Вчера, во 17.49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во магацин на приватна фирма во с.Чојлија, општина Петровец, бил пронајден починат вработениот М.А.(39) од с.Ржаничино, скопско.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Поврзани вести