Skip to main content

„Графичка точка“ од 23 до 25 август во Младинскиот културен центар во Скопје

Од 23 до 25 август во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи уметничкиот настан „Графичка точка“. Следуваат три дена полни со креативност, боја и хартија. Во рамки на манифестацијата, под менторство на Доц. м-р Сања Жигиќ од Академијата за ликовни уметности во Нови Сад, Србија, ќе бидат совладани графичките техники директно во отворена работилница.

Мобилна графичка станица ќе биде направена во фоајето на МКЦ, отворена за сите љубители на уметноста, случајни посетители и минувачи. Македонски уметници-гости ќе работат во отворено студио, создавајќи оригинални графики пред вашите очи.

Организатори на настанот се Асоцијација за култура ИКОН, Графичка работилница „Софија“ – Богданци и Младински културен центар – Скопје.

Влезот е слободен за сите посетители.