Skip to main content

Приведено лице од кавадаречко село, се заканувал на поранешната сопруга и нејзината мајка

Freepik

Полициски службеници синоќа во 20:50 часот го лишиле од слобода С.А., на возраст од 48 години од кавадаречко село. Тие постапиле по претходна пријава од неговата поранешна 48-годишна сопруга, дека во домот на нејзината мајка во Неготино, тропал на влезната врата, им се заканувал и се обидел да влезе со употраба на сила, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

С.А. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, како што додаваат, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходно, во 14 часот во ОВР – Кавадарци, К.С., 54-годишен кавадарчанец, пријавил дека во дворот од неговиот дом во кавадаречко село, неговите соседи Ќ.С. и И.С. му се заканувале.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, истакнуваат од СВР – Велес.

Поврзани вести