
На 17.08.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 08:40 на регионалниот пат Велес-Штип, во близина на Градската депонија Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(24) од Италија и патничко возило „даеву тико“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С.(53) од Велес, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „даеву тико“, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник О.А.(19) од Лозово, констатирани во Општа болница Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.