Skip to main content

На Сараевскиот филмски фестивал премиерно прикажан документарниот филм за „Хаустор“

Филмски фестивал во Сараево

Документарниот филм на хрватскиот новинар, публицист и режисер Арсен Оремовиќ, „Третиот свет“, посветен на загрепскиот бенд „Хаустор“, синоќа, премиерно беше прикажан на 31-от Сараевски филмски фестивал (СФФ) , собирајќи ги сите членови на таа легендарна група од почетокот на 80-тите.

Филмот на Оремовиќ за „Хаустор“, бенд кој во голема мера ја обликуваше музичката сцена на поранешна Југославија, е во конкуренција за најдобар документарец на годинешниот СФФ и се натпреварува за наградата „Срцето на Сараево“ во овој жанр со уште 11 документарци, вклучувајќи го и филмот „Лекциите на мојот татко“ од режисерката Далија Дозет, уште едно дело од најновата хрватска продукција.

„Третиот свет“ предизвика голем интерес кај сараевската публика и исклучително позитивни реакции бидејќи раскажува интересна приказна за тоа како Хаустор се трансформирал во 1984 година кога двајца од клучните креативци на бендот, Дарко Рундек и Срѓан Захер, решиле да тргнат по различни патишта.

Филмот, кој ја раскажува приказната за тоа како настанал Хаустор, е во процес на снимање од 2020 година, кога Оремовиќ, Рундек и Захер почнаа неформално да разговараат за сè.

Хрватската премиера на филмот е планирана во Вуковар, а проекцијата во Загреб е закажана за 30 септември.

Поврзани вести