Skip to main content
ВМРО ДПМНЕ

Од СДС се уште молк за тоа зошто со пари од Еразмус + купувале судии како Нанев и што барале за возврат

СДС молчи за тоа зошто со парите од Еразмус + купуваа судии како Нанев и што всушност бараа за возврат, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и Заев преку Лидија Димова, доделија грант од Националната агенција Еразмус + во вредност од 120 илјади евра, па ни помалку ни повеќе, судијата Лазар Нанев, кој беше дел од Судскиот совет и е втор човек по Наќе Георгиев, да биде дел од една коруптивна шема. Дали со овој проект и слични на овој, СДС имала за цел да го награди Лазар Нанев и останати други блиски лица до партијата? Го повикуваме СДС да одговори, колку судии биле унапредени, поставени и разрешени, поради одлуките на Нанев, и дали тие одлуки ги носел по насока на Заев и на СДС? Дали СДС ги поткупувале судиите и обвинителите за да си ја купат слободата? Дали Нанев по насока на СДС има ургирано за одредени лица да не бидат дел од прогонот за да ги заштити? Прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС не смее да молчи и треба веднаш да одговори, во спротивно нашите сомнежи излегуваат дека се вистинити, додаваат од владејачката партија.

Поврзани вести