Skip to main content

Затруено четиригодишно дете донесено во болница во Куманово

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница.

Вчера, во 22.42 часот во СВР Куманово од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено затруено четиригодишно дете од Куманово, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести