
Цените на земјоделските и рибните производи во јуни во Србија се зголемија за 13,4 проценти во споредба со јуни лани, објави денес српскиот Завод за статистика.
Растот на цените најмногу бил под влијание на цените на житото – 3,9 проценти и овошјето – 81,4 проценти.
Цените на земјоделските и рибните производи во јуни во споредба со мај се зголемиле за 1,5 проценти во просек, а најголемо влијание врз овој раст имале овошјето, 22,0 проценти, и добитокот и живината, 6,7 проценти.
Цените на тие производи за првата половина од годината се зголемиле за 4,8 проценти во просек во споредба со истиот период во 2024 година. Тоа главно се должи на зголемувањето на цените на житото за 15,9 проценти, овошјето за 32,6 проценти и индустриските растенија за 4,9 проценти.