
Најмалку 12 странски платеници загинале во ракетен напад, изведен на 21 јули врз украинскиот воен полигон во Кроповницки, пишува „Њујорк тајмс“.
Според публикацијата, руска ракета ја погодила трпезаријата за време на ручек, убивајќи најмалку десетина странски борници од САД, Колумбија, Тајван, Данска и други земји.

Американски регрут од Флорида му рекол на новинар од „Њујорк тајмс“ дека тоа била најгласната експлозија што некогаш ја слушнал. Во телефонско интервју, тој рекол дека експлозијата предизвикала парчиња да летаат околу него и ги потресла блиските дрвја.
Според него, по експлозијата, мртви и осакатени тела, како и сериозно ранети војници, лежеле на земјата до трпезаријата.
Тој додаде дека видел најмалку 15 мртви војници и повеќе од 100 ранети. Ударот, исто така, запалил магацин за муниција, што довело до нови експлозии и шрапнели што летале наоколу“, пишува „Њујорк тајмс“.