Skip to main content
Премиерот Христијан Мицкоски не поседува недвижен имот во Хрватска или Црна Гора

Вилата за која опозициските портали лажат дека е на Мицкоски, всушност е во сопственост на државна институција во Хрватска

Премиерот Христијан Мицкоски не поседува недвижен имот во Хрватска или Црна Гора, дознава Курир.

Тоа значи дека се невистинити објавите од одредени портали и профили на социјалните мрежи дека Мицкоски или негови блиски поседуваат било каква „луксузна вила“, „замок“ или било каков недвижен имот во Хрватска или Црна Гора.

Како што дознава „Курир“, премиерот Мицкоски нема купено, нема наследено, ниту на било кој начин располага со недвижен имот во овие држави. Ниту тој, ниту било кој член на неговото потесно семејство.

Фотографиите и локациите што се користат, со цел да се изманипулира јавноста, се злоупотребени. Објавените фотографии се од објекти кои се во сопственост на сосема други правни и физички лица или на државни институции на Хрватска и тоа е лесно проверливо со јавно достапните имотни книги и катастарски податоци.

Вилата за која велат дека е на македонскиот премиер, прво била во сопственост на Град Загреб, а сега се наоѓа во сопственост на државна институција во Хрватска.

Порталот Инфомакс објави шпекулации дека премиерот поседува луксузна вила на брегот на Јадранското Море.  Дека намерата на СДСМ и порталите блиски до нив е креирање на политичка конструкција, а не изнесување факти, јасно говори и тоа што тие не можеле да се договорат во која држава ќе тврдат дека премиерот има имот – па прво велеа дека тоа е во Црна Гора, за сега да кажат дека е во Хрватска.

Од владејачката партија брифираат дека ќе бидат превземени и правни чекори.

-Со цел да се заштити интегритетот и угледот на премиерот, ќе бидат покренати постапки пред надлежните судови против сите портали и лица кои учествуваат во ширење на овие клевети, како и кривични пријави за навреда и клевета согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести