
Европа се соочува со нов бран на горештини. Се очекува тој да потрае и можеби да собори температурни рекорди. Во земјите од Западен Балкан годинава веќе се забележани високи температури – меѓу 40 и 42 степени Целзиусови во Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија.
Метеоролозите предупредуваат дека интензивниот топлотен бран ќе трае барем до средината на август, а температурите во многу региони ќе бидат над 35 степени. Дополнително, се укажува дека станува збор за екстремна жештина, дури и за најтоплиот дел од годината, која претставува сериозна опасност за здравјето на луѓето.
Во поголемиот дел од земјите веќе се издадени „црвени предупредувања“