Skip to main content

Во Битола ќе биде поставен споменик на војводата Александар Турунџев

Општина Битола

Во Битола, кај „Ветринарен центар“, во непосредна близина на Ат-пазар, местото каде пред 120 години животот го загуби македонскиот војвода Александар Турунџев, ќе биде поставен негов споменик.

Подготовките на локацијата за споменикот ги врши Општина Битола во чиј општински двор до денеска се чуваше споменикот на Турунџев.

Уредувањето на просторот каде што ќе биде поставен споменикот на Туринџев се очекува да завршат до крајот на месецот, а на 30 август со пригодна манифестација ќе биде промовиран со што ќе се обележат 120 години од смртта на Александар Турунџев, кој како што е познато својот живот го загуби со бесење на Ат-пазар во Битола.

Поврзани вести