
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска од Скопје го честиташе празникот 2 Август – Илинден Денот на Републиката.
Овој ден нека потсетува на жртвата што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме – а тоа е слободна, независна држава Македонија. Нека нивната жртва потсетува каква држава треба ние да оставиме на генерациите што следат после нас. Држава во која ќе имаме среќни граѓани, држава што ќе биде просперитетна. Држава што ќе биде татковина на сите, без разлика на етничката припадност. Овој ден нека обединува, ова е ден за обединување. Да се слави, јас би рекол и да ни е вековит денот. Да го чествуваме достоинствено, на помош нека ни е Свети Илија – порача Мицкоски во изјавата за медиумите.

Премиерот Мицкоски придружуван од вицепремиерот Изет Меџити и од министерката за образование Весна Јаневска претходно положи цвеќе на споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред Собранието, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов – Ченто.
Попладнево како што е најавено, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе ја предводи партиска делегацијата во состав: претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга и заменик-министер за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулески и ќе положи цвеќе во Ташмаруништа, Струшко.





