
По повод чествувањето на големиот празник 2 Август – Ден на Републиката – Илинден, Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе положи свежо цвеќе на следните локации во Скопје:
- 10:00 часот, полoжување свежо цвеќе на споменикот на Претседателот на Крушевската Република, Никола Карев;
- 10:20 часот, полoжување свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ (парк Жена Борец);
- 10:40 часот, полoжување свежо цвеќе на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто (плоштад Македонија).
По завршувањето на официјалниот дел од положувањето свежо цвеќе, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.