Skip to main content

Перински – Улман: Исклучителна посветеност во унапредувањето на соработката меѓу Швајцарија и Македонија

На мое големо задоволство, се сретнав со амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман, средба со посебна симболика поради завршувањето на нејзиниот мандат, објави на својоте фејсбук профил, министерот Перински.

Разговаравме за заедничките постигнувања, за нејзината исклучителна посветеност во унапредувањето на соработката меѓу Швајцарија и Македонија, како и за континуираната поддршка на реформите, доброто владеење и регионалниот развој.

Реализираните активности во изминатиот период и постигнатите резултати се доказ за успешното и силно партнерство, изградено врз заедничка визија за одржлив развој.

Во оваа прилика сакам го честитам 1 Август, националниот ден на Швајцарија.

Поврзани вести