Skip to main content

Магични моменти со Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски – Ѓумар” во Сули-ан: Вивалди и Пјацола за затворањето на 46. „Скопско лето”

Oвогодишното 46-то издание на фестивалот „Скопско лето“ свечено се затвори синоќа со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ во Сули ан.

Магични моменти од вчерашниот спектакуларен концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар” со кој свечено се затвори 46. „Скопско лето”.

Диригент: Иван Еминовиќ

Програма:

А. Вивалди – Четири годишни времиња

А. Пјацола – Четири годишни времиња

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ е основан пред повеќе од 35 години, како прв сегмент на Летниот музички камп на Музичката младина на Македонија во 1986 година. Составен е од студенти на Факултетот за музичка уметност од Скопје, но во него често може да се сретнат и млади музичари од други земји. Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија со своето музицирање во сиот овој период се наметна како изведувачки состав со високо професионални квалитети. Диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле значајни имиња од македонската музичка сцена: Фимчо Муратовски, Горјан Коруновски, Саша Николовски-Ѓумар, Вања Николовски-Ѓумар, Мирослав Спасов, Борјан Цанев, Бисера Чадловска, Олег Кондратенко, но и познати странски диригенти како: Арилд Ремерајт, Миша Кац, Џанлука Мартиненги и други. Оркестарот е и добитник на национални награди и признанија. 

Поврзани вести