
На 29.07.2025 во 19:10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(39) од Тетово.
Тој во 17.20 часот во СВР Тетово бил пријавен од неговата 35-годишна сопруга во придружба со службеници од Центарот за социјални работи Тетово дека претходниот ден физички го нападнал неговиот малолетен син и нејзе ѝ се заканувал, информира СВР Тетово.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.