Skip to main content

Промоција на новиот роман на Игор Анѓелков „Ветрилиште“ во Друштвото на писателите на Македонија

Утревечер (17 декември), во Друштвотот на писателите на Македонија во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на романот „Ветрилиште“ од Игор Анѓелков. За книгата, која беше објавена на почетокот од минатиот месец како десетто, јубилејно издание на авторот, ќе зборува промоторката Оливера Ќоревзироска, која во поговорот напиша:

„Ветрилиште“ е деликатен кус роман, несекојдневен и мошне храбар во домашниот книжевен контекст. Контролирано гротескен, напати и брутално искрен, соголен и соголувачки до коска. Бруталната искреност природно води кон бурен интерес (и коментар) кај читателите во секоја смисла. Ова не е роман за кој (ќе) се молчи. Напротив. Во него се препознава досегашното писмо на Анѓелков, но нештата како да се поместени потаму на повеќе нивоа, во повеќе насоки. Потаму од „Двојна експозиција“ на ниво на отвореност, потаму од „Шрапнел“ на ниво на трансферот татко-син, потаму (дури и како со лупа) од „семејството“ во „Мина“. На „Ветрилиште“ може да се гледа и како на еднодневна микро роад-нарација, но сепак доста различна од „Крај-пат“…

Се оди потаму и во стварноста и во автореференцијалноста, во ангажираноста и во социјалната опсервација,.. но потаму и во филмот и во музиката во смисла на раскажувачки орудија. Травестијата како постапка со реални личности се подослободила и сега уште појасно се препознаваат „обрасците“, алузиите… Сезнајниот раскажувач (авторот?) раскажува на опасниот раб на стварноста (вистината?), истовремено дефинирајќи ја својата поетика преку поетиката на главниот лик Борис/Писателот. Романот, всушност, неговата микро роад-нарација е досетливо ситуирана во еден ден, помеѓу две кукурикања. Почнува буквално со ономатопејата „кукурику“ (во 5:30 наутро) и завршува со „кукурику“ кон крајот на истиот ден (во 22 часот): цел еден живот во 16 и пол часа“.

Игор Анѓелков досега ги објавил следните дела: „Кротки приказни“ (раскази, 2006), „Крај-пат“ (роман, 2010), „Фото синтеза“ (роман, 2013), „Филм.мкд“ (филмска есеистика, 2015), „Филмски град“ (филмска есеистика, 2018), „Шрапнел“ (роман, 2020), „Филмотопија“ (филмска есеистика, 2022), „Двојна експозиција“ (раскази, 2022), „Мина“ (роман, 2023).

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom