
Со лисици на рацете шоферот на екс премиерот Зоран Заев А.Н. е изведен пред надлежните органи како осомничено лице за подметнување пожар кај браната Водоча.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска истакнаа дека ова било доказ дека пожарите во Македонија не се природна непогода, туку смислено сценарио на СДС и луѓе блиски со нив, со цел создавање нестабилност и хаос во државата.

Крајната цел како што кажавме веќе била да се обвинат институциите дека не можат да се справат со пожарите. И двете цели се разбиени. Целата јавност од денес знае дека луѓе блиски на СДС стојат зад пожарите, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата ги повикаа институциите да го казнат со најстрога казна шоферот на Заев, но во исто време да истражат до каде води линијата на наредба.
Во изјава за Фокус се огласи и Заев кој вели дека лицето било општински возач, но тој никогаш не се возел со него.
Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено Александар Николов, истакна Заев во изјава за „Фокус“.