
На денешната Владина седница беше донесена одлука: сите државни институции и јавни правни лица мора да ги променат регистарските таблици на службените возила со таблици во боја најдоцна до 15.09.2025 година, информираше на свпјот фејсбук профил Ивица Томовски.
Со ова исполнуваме уште едно ветување – обележување на службените возила за зголемена транспарентност и отчетност.
Крај на злоупотребите за приватни и партиски цели.
Јавноста ќе може лесно да ги препознае службените возила.
Институциите имаат јасен рок – време е за одговорност!