Skip to main content

Делегација на Армијата во посета на Вермонт за унапредување на одбранбената соработка

МИА

Делегација предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заедно со државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, од денеска престојува во повеќедневна официјална посета на сојузната држава Вермонт во Соединетите Американски Држави.

Посетата се реализира во рамките на Програмата за партнерство на САД и вклучува серија средби со високи претставници од Националната гарда на Вермонт, воениот универзитет Норвич, како и со официјални претставници на државата Вермонт. Во рамките на посетата, делегацијата ќе оствари средба и со гувернерот на Вермонт, Фил Скот.

Како што соопшти  Генералштабот на Армијата, главната цел на посетата е унапредување на стратешката одбранбена соработка, размена на искуства и заедничко планирање на обуки и активности.

Оваа активност претставува уште еден чекор во насока на зајакнување на одбранбените капацитети и интероперативноста меѓу Армијата на Република Македонија и вооружените сили на САД, во духот на сојузништвото во НАТО, велат од ГШ на Армијата.

Поврзани вести