
Словенечкиот велосипедист и член на тимот на ОАЕ „Емирати XRG“, Тадеј Погачар, го освои трофејот на Тур де Франс 2025.
Дваесет и шестгодишниот Погачар ја заврши повеќедневната трка со резултат од 76 часа и 32 секунди.
За Погачар ова е четврти триумф на најпрестижната велосипедска трка во светот. Претходно победи во 2020, 2021 и 2024 година.
Данецот Јонас Вингегард заврши втор, додека третото место му припадна на Флоријан Липовиц од Германија.