Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во контекст на одговор на новинарско прашање им се извини на граѓаните за големото присуство на полициски сили низ главниот град и пошироко. Нагласи дека полициските акции морало да бидат спроведени побрзо од планираното поради опасност, како што рече тој, да бидат пробиени.
Во текот на вчерашниот ден беше спроведена акција во струшкиот и гостиварскиот регион каде што беше разбиоена четиричлена терористичка келија која сакала да ја дестабилизира земјата. Синоќа се претресуваа и локации на членови на кланот Беланоца во обид да се расчистат четири убиства. Денеска пак излезе информација дека полицијата упаднала во домовите на поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, како и на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Знам дека имаше инфомармации за акции на МВР во одредени средини,каде што постојат одредени сомневања на сторители на многу кривични дела. Да им се извинам за непријатностите во текот на ноќта, зошто имало униформирани лица насекаде. Имаше сомневања дека може да биде контаминирана полициската акција. Сепак станува збор за расчистување на голем број убиства и фатални случаи, рече Мицкоски.
Премиерот посочи дека во текот на денешниот ден имал средби со претставници на странските инвеститори и не стигнал навремено да се информира од структурите на МВР. Сепак, посочи дека постои простор и други поранешни високи функционери да се поврзани со случајот „Државна лотарија“.
Постои основано сомневање за злоупотреби и сторен криминал на поедини високи владини функционери од минатите состави на Владата. Знам дека има истрага, но не сум запознаен со деталите, порача премиерот.