Skip to main content

Ристовски: Пропустите се резултат на неспособноста на една градоначалничка и на одговорните луѓе во МОК!

Министерот за спорт Борко Ристовски, одговори на обвинувањата од страна на Град Скопје дека цела година МОК и Министерството за спорт ја организираат Олимпијадата и дека градот не бил целосно исклучен, дури не добил и покана за отоврањето

Денеска цел ден добивам пораки од граѓани со неточни, паушални, па дури и навредливи тврдења кон мене и кон институцијата што ја водам како министер. Не сакам да споменувам имиња на градоначалници и градоначалнички, имиња кои се веќе завршени приказни во политиката, а некои чекаат и извршување на затворски казни.

Ќе потсетам дека на прес конференцијата на 6 април посочив дека ова е голем настан од кој спортот треба да има бенефит пред се поради големиот број на македонски учесници. Да потсетам дека од нас помош беше побарана во последните 90-100 дена. Сугерирав дека ние немаме капацитет и моќ, но добивав уверувања дека организаторот ќе се справи со предизвикот. Тоа што беше побарано од институцијата што јас ја водам како министер беше исполнето во целост!“.

„И пак ќе потсетам дека Министерството за спорт не е официјален организатор на ЕМОФ Скопје 2025! Ако некој треба да сноси одговорност за пропустите во организацијата тоа се оние што ја презедоа одговорноста и обврската да го организираат настанот. Пропустите се резултат на неспособноста на една градоначалничка и на одговорните луѓе во МОК!

Министерството за спорт ќе продолжи да работи со сите институции во рамките на своите надлежности, но нема да молчи пред невистини и обиди за дефокусирање од реалната слика.

Работата не се средува со преписки и со пишување статуси на Фејсбук, туку со соочување со реални факти и аргументи.

Кога некој е неуспешен во некоја работа, најлесно е да пишува по социјалните мрежи и да шири невистини.

СПОРТОТ ЌЕ ЖИВЕЕ!“ пишува Ристовски на Фејсбук.

СДСМ денеска на прес-конференција побара оставка од министерот за спорт Борко Ристовски

Македонија е понижена, посрамотена и претставена како земја од 19-тиот век пред целиот свет. Резил каков што Македонија нема доживеано во својата 35 годишна независност, приредена од никој друг туку од човекот кој пред само неколку месеци ја убедуваше Македонската јавност дека како министер за спорт ќе ја организира најдобрата Младинска олимпијада во светот, Борко Ристовски, изјави денеска на прес- конференција Панче Милевски – Панта од Комисијата за спорт на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. 

Ако секаде во светот важи максимата „важно е да се учествува на Олимпијада“, во Македонија важи максимата „важно е да се преживее на Олимпијадата“.

Поврзани вести