Skip to main content

Официјално: Шведскиот напаѓач Виктор Ѓoкереш нов играч на Арсенал

Фејсбук Арсенал
Фејсбук Арсенал

Шведскиот фудбалер Виктор Ѓoкереш официјално е нов член Арсенал, објави лондонскиот клуб.

Во текот на денот фудбалерот поминал медицински преглед и потпишал договор со клубот.

Во сезоната 2024/25, Ѓoкереш во дресот на португалски Спортинг постигна 54 гола и имаше 11 асистенции на 52 натпревари во сите натпреварувања. 

На крајот од сезоната, Швеѓанецот го освои второто место во борбата за Златната копачка, веднаш зад напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.