Skip to main content

И денес пекол во земјата, од утре вечер освежување

Freepik

Викендов продолжува екстремно топлото време, што значи дека температурите во поголем дел од земјата ќе надминуваат 35 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат до околу, па и над 40 степени, а во Повардарието се очекува да се искачат и до околу 43/44 степени.

Според прогнозата освежување на времето и пад на температурите на воздухот ќе има од утрешната вечер и ноќ, односно недела кон понеделник 27/28 јули.

Од понеделник (28 јули) во нашата Република Македонија, и тоа поради продор на значително посвеж воздух од север, ќе имаме значително освежување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец и пад на температурите на воздухот и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега – стои во прогнозата на Славчо Попов.

Поврзани вести