Skip to main content

Вицепремиерот Николоски најави уште три нови проекти за Општина Гевгелија

Имаме уште неколку тековни проекти, а јас сакам да најавам три нови затоа што нашата работа не завршува, бидејќи цело време имаме нови и нови работи коишто ги правиме. Со подршка на Министерството за транспорт и врски во моментот има активен повик за избор на изведувач кој ќе работи во населените места Моин, Прдејци и Богородица и таму ќе видиме нови улици и нови инфраструктурни зафати кои ќе значат многу и очекувам некаде до средината на август да имаме избран изведувач и во септември да ги видиме машините на терен, истакна во своето обраќање вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски по повод пуштањето во употреба на булевар „Свети Климент Охридски” во Гевгелија.

За министерот за локална самоуправа, Златко Перински, проектите во Гевгелија се исклучително важни.

– Покажавме дека сме сериозен партнер на сите општини без разлика на нивната политичка припадност. Успехот и динамиката на реализацијата на проектите секако дека зависи од првиот човек на општината. Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов со визија и посветност и проактивен пристап ги води процесите и обезбедува проекти што оставаат видлива и долготрајна корист за Општината, рече Перински.

Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, подвлече дека улицата „Свети Климент Охридски“ или попозната како Западен булевар, го намалува хаосот во централнато градско подрачје кој го создаваат возилата, а особено пред ОУ „Крсте Петков Мисирков“.

-Реализацијата траеше околу 4 години во околности во кои се соочивме со многубројни проблеми и предизвици за негова реализација. Чест ми е и задоволство што Гевгелија денес го добива овој суштествен капитален проект за сите граѓани. Денес Гевгелија добива една модерна обиколница во должина од 1.200 метри која е од бенефит за сите граѓани и за сите генерации, рече Сарамандов.

Поврзани вести