Skip to main content

Пожар во липковско Ваксинце, огнот е видлив од Куманово

МИА

Сува трева и нискостеблеста вегетација гори во липковското село Ваксинце. На терен во моментот се три противпожарни возила со осум пожарникари.

Пожарот кај нас е пријавен во 11:40 часот. Две екипи од почетокот на пожарот се таму. Постојано се разгорува и локализира. Во моментот пожарот е меѓу селата Ваксинце, Лојалне и Речица, вели командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожарот е видлив од Куманово. 

Поврзани вести