Skip to main content

Август ќе биде потопол за 2 до 3 степени од повеќе деценискиот просек од периодот 1993 – 2016 година

Следниот месец, односно месец август 2025 година ќе ни биде потопол за 2 до 3 степени од повеќе деценискиот просек (односно од периодот 1993 – 2016 година). Ова значи дека топлотни бранови ќе има  и во текот на месец август, и тие повремено ќе бидат  и нешто поинтензивни, односно повторно ќе ни донесат температури до околу, а можни се температури и над 40 степени, особено во Повардарието.

Топлотни бранови во текот на месец август 2025 година ќе има во најголем дел од Европскиот Континент.

Што се однесува пак до врнежите, тие ќе бидат околу просекот за месец август. Повремено очекуваме дестабилизација на атмосферата која би донела и повремени поројни врнежи од дожд, грмежи, ветер а локално може да очекуваме  и нови временски непогоди на Балканот, во Македонија како и пошироко во Европа.

Се на се, вистинските летни температури на воздухот продолжуваат и во текот на месец август 2025 година, со повремни освежување  и развој на нестабилност проследена со врнежи и грмежи.

Поврзани вести