Skip to main content

Две лица со тешки повреди пренесени во Скопје по судир на три коли на патот Велес-Штип

Во СВР Велес синоќа околу 23:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот  Б.И. од Велес, патничко возило „лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Л.Б. од велешкото Башино Село и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од  31-годишниот Д.М. од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување, информира денеска портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „тојота“ и неговата 64-годишна сопатничка К.И. од Велес, а со телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА, д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, двајцата повредени, мажот со тешки повреди на градите и жената на стомакот кои во велешката болница биле донесени околу полноќ, по лекарските прегледи и по направените  снимања  со возило на велешката болница биле однесени на понатамошно лекување во скопските клиники.

Поврзани вести