
Вчера во 14.54 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди е донесен А.П.(27) од Скопје.
Според пријавеното, А.П. со повредите се здобил околу 01.00 часот во парк во населбата Пинтија, каде што тој и неговите другари С.С.(26), М.Б.(24) и С.Д. (28) биле физички нападнати од поголема група на лица, кои во нападот употребиле повеќе предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот велат од МВР.