Skip to main content

Бебе се бори за живот на Клиники, родителите го пронашле во бессознание в базен

Вчера околу 20.30 часот во ПС Прилеп од страна на доктор од Општата болница „Борка Талески” било пријавено дека кај нив било донесено едноиполгодишно дете, кое според кажаното од неговите родители С.И. и Б.Т. од с.Заполжани, општина Долнени, го пронашле во базен во нивниот двор во безсознание.

На детето му е укажана помош во прилепската болница, по што е пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје.

Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести